Македонија

Македонец ненадејно почина во Швајцарија: Семејството бара помош за транспорт на телото

Македонец ненадејно почина во Швајцарија: Семејството бара помош за транспорт на телото

На Фејсбук страницата makedonci.ch. е објавен апел за Дејан Дамјановски.

Се работи за татко, брат, пријател, кој за жал неочекувано починал во Швајцарија и истиот треба да биде пренесен во Македонија.

Како што е објавено, за жал моменталните финансиски средства на фамилијата не се доволни да би овозможиле транспортот, па затоа семејството бара помош.

– Затоа итно е потребна финансиска поддршка. Да бидеме хумани и да овозможоме да биде пренесен до Македонија. Однапред ви благодариме на хуманоста и чувајте се, објавено е на страната на македонските иселеници од Швајцарија.

За сите оние кои можат и сакаат да помогнат, објавени се следниве информации:

Twint: 076 238 68 87
UBS AG
Kiro Stojkovski
Niederwilerstrasse 13b
5610 Wohlen, Aargau
CH 81 0025 8258 2223 7840 H

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни