Поранешниот премиер Зоран Заев, денеска упати порака до македонската јавност по повод Денот на мирот, 21 септември.
„Сите знаеме да сакаме, само треба да го користиме тоа знаење во сите аспекти на животот“, пишува поранешниот претседател на Владата на социјалната мрежа Фејсбук.
„Нема оправдувања за воените агресии и инвазии. Секој од нас треба да крене глас за мир.
Денес мораме да дејствуваме со силата на аргументите и да градиме пријателства. Денес мораме да се спротиставиме на оние кои со силата на оружјето создаваат непријателства. По повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, во соработка со општинската установа Дом за деца и млади “Благој Мучето“ од Струмица, го поддржавме ликовниот хепенинг организиран со учениците и нивните ментори од училиштата од општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево“, напиша Заев на Фејсбук.