Македонија

Османи и Ковачевски на кратка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Османи и Ковачевски на кратка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил посочи дека на маргини на 77-то Генерално заседание на ОН, заедно со премиерот Ковачевски оствариле кратка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој ја претставува Европската Унија на овој важен мултилатерален настан.

„Заемно беше потврдено задоволството дека Северна Македонија се наоѓа во квалитативно повисока фаза во своите односи со ЕУ, по отпочнувањето на преговорите. Од страна на претседателот на Европскиот Совет беше истакната недвосмислената поддршка на Унијата за перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со уверување за кредибилен и правичен пристапен процес. На средбата стана збор и за веќе одржаните први состаноци со ЕУ во рамките на скрининг процесот, кој е предвидено да трае до ноември идната година, при што од наша страна беше реафирмирана високата подготвеност на земјата за успешен преговарачки процес, особено со оглед дека државата веќе долго време се усогласува со законодавството на ЕУ и бележи над 45% транспонирано ЕУ законодавство во домашното законодавство“, пишува Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни