Свет

Десет воени заробеници префрлени од Русија во Саудиска Арабија

Десет воени заробеници префрлени од Русија во Саудиска Арабија

Десет воени заробеници од повеќе земји, меѓу кои САД, Велика Британија и Хрватска, се префрлени од Русија во Саудиска Арабија како дел од размената на заробеници меѓу Русија и Украина, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Саудиските власти работат на олеснување на процедурата за безбедно враќање во нивните земји на поранешните затвореници, вклучително и лица од Шведска и Мароко, се вели во соопштението.

Размената е резултат на напорите на престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој е де факто лидер на Саудиска Арабија и кој „продолжува да презема хуманитарни иницијативи во рамките на руско-украинската криза“, се вели во соопштението.

Во соопштението не е наведен идентитетот на затворениците, ниту датумот на пристигнување или заминување во нивните земји, но британскиот премиер рече дека се ослободени пет Британци, што го поздрави новата британска премиерка Лиз Трус.

„Многу добредојдени вести – петмина британски државјани кои ги држат проруските сили во источна Украина се вратени живи и здрави“, напиша Трус на Твитер.

Таа им се заблагодари на украинскиот претседател и на Саудиска Арабија за олеснувањето на ослободувањето како дел од руско-украинската размена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни