Македонија

Министерот Тупанчески се сретна со министерката за дигитализација на Словенија,Емилија Стојменова-Дух

Министерот Тупанчески се сретна со министерката за дигитализација на Словенија,Емилија Стојменова-Дух

Тупанчески во Љубљана се сретна со министерката без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух. Стојменова која по потекло е од нашата држава изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.

Министерот Тупанчески ја информираше Стојменова за  дигитализацијата во нашиот судски систем кој ќе биде  предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција.

Нагласена беше потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите.Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес.

Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни