Австралија денеска го слави Националниот ден на жалост, кој е прогласен поради смртта на британската кралица Елизабета Втора, пренесува Ројтерс.
Денот беше прогласен за државен празник, а беше одржана комеморација во Парламентот во Канбера, на која присуствуваа 600 државници.
Настанот се одржа пред протестот организиран од домородните групи, кои се противат на монархијата и влијанието на британската колонизација.
Премиерот на Австралија, Ентони Албанес, во својот говор на комеморативната церемонија изјави дека Австралија претрпе трансформација за време на владеењето на кралицата Елизабета.
„Кога таа за првпат беше на турнеја, Британија беше најголемиот трговски партнер на Австралија“, рече Албанес.
Тој додаде дека кралицата Елизабета е горда на напредокот на Австралија, но и дека наклонетоста на австралискиот народ кон кралицата секогаш била силна.
Британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември на 97-годишна возраст во нејзиниот замок Балморал во Шкотска.
За време на нејзиното владеење, кое траеше цели седум децении, Елизабета ја посети Австралија 16 пати.