Болни од леукемија месец и половина без терапија, министерот уверува проблемот ќе се реши
Пациентите кои примаат терапија за леукемија се жалат дека повеќе од еден месец не ја примиле терапијата поради доцнење на набавката на лековите од страна на надлежните.
Министерот за здравство, Беким Сали вели дека министерството прави напори за обезбедување на неопходната терапија.
„Поради тоа што се работи за скапи лекови, буџет и количина се планираат годишно на годишно ниво базирајќи се на претходните две или три години. Имаме период кога се јавуваат нови пациенти ги вметнуваме во третманот меѓутоа количините се трошат предвремено. Истото прашање ми се поставува неколку пати зошто процедурата за јавна набавка трае толку долго, дали би можело да се скрати. Јас посакувам да е така, меѓутоа не е само во ингеренции на Министерството за здравство процедурата за колку време би можело да се набави нов лек односно недостигот на лекови во одредени институции“, додава Беким Сали.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни