Македонија

ЗГАСНА ЕДНО ПРИЈАТЕЛСТВО: Скопјанец си подигнал 50.000 денари од банка во име на другарот

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР-Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.

Пријавениот, како што денеска појаснија од МВР, неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни