Денеска се одбележува 20-годишнината од изградбата на Милениумскиот крст на врвот на Водно.
Се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно, непосредно над градот Скопје.
Изграден е во 2002 година, во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.
Милениумскиот крст е изработен од челик и се наоѓа на 66 метри надморска височина, со ширина на краците од 46 метри. Составен е од 33 нивоа, секое ниво високо по 2 метра, кои ги симболизираат годините на Исус Христос.
Овој крст е петти по големина во светот, а негови архитекти се Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски.
Конструкцијата на крстот започнала во 2002 и била финансирана од Македонската православна црква, македонската Влада и дарители од Македонија и Македонци од целиот свет.
Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст.