Свет

Мобилизацијата во Русија започна – лица без воено искуство добиле покани

Мобилизацијата во Русија започна – лица без воено искуство добиле покани

Мобилизацијата во Русија практично започна. Локалните независни медиуми објавија дека покани биле испратени и до мажи без воено искуство. Според указот на рускиот претседател Владимир Путин, треба да се регрутираат само мажи со воено искуство, но според руските медиуми, повици добиваат и цивили.

„Вчера го добив ова известување дека треба да се пријавам на преглед на мојата воена регистрација денес. Никогаш не служев војска. Немам воена обука“, вели Виктор Бугреев, информатичар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски делумната мобилизација ја гледа како знак на колапс на руската армија.

„Сега, за повеќето руски граѓани, војната не е нешто на ТВ или на Интернет, туку нешто што влезе во секој руски дом“, објави Зеленски.

Москва тврди дека веќе има 10.000 доброволци кои се пријавиле за армијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни