Соединетите Држави „ќе работат со своите сојузници и партнери на воведување дополнителни санкции против Русија кои ќе бидат брзи и остри“ доколку Москва ги анектира украинските територии, изјави американскиот претседател Џо Бајден, пренесе агенцијата Франс прес.
„Референдумите организирани од Русија се травестија, лажен изговор за обид за насилна анексија на делови од Украина“, рече Бајден.
САД веќе воведоа неколку пакети економски и финансиски санкции против Русија во врска со конфликтот во Украина, забележува Франс прес.