Свет

Зеленски им ветува три работи на Русите кои се предаваат

Зеленски им ветува три работи на Русите кои се предаваат

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното обраќање пред руските војници вети дека ќе ги заштити доколку се предадат.

Претседателот на Украина им вети три работи на оние што ќе се предадат. Како што рече, на сите кои ќе се предадат ќе им биде овозможен хуманитарен третман според правилата на меѓународното право.

Понатаму, Зеленски им ветува на руските војници дека никој нема да ги знае условите за нивното предавање, односно никој нема да знае дали доброволно се предале или биле заробени. Понатаму, затворениците нема да бидат вратени во Русија доколку тоа не го сакаат.

Тој во своето обраќање рече и дека руските команданти не се грижат за животот на своите војници и дека ги пополнуваат редовите во единиците само за да можат да ги испратат во смрт.

„Подобро е да се избега од криминалната мобилизација отколку да станеш инвалид“, рече претседателот на Украина

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни