Три лица се повредени денеска во експлозија на плоштадот на пазарот во германскиот град Хале, јави Ројтерс.
Експлозијата одекнала околу 18:00 часот во јавните тоалети на плоштадот, а две лица се тешко повредени, изјави портпаролот на полицијата. Дванаесетгодишно и тринаесетгодишно момче со тешки повреди се пренесени во болница. Педесет и едногодишна жена е полесно повредена.
„Во моментов причината се уште е јасна“, додаде портпаролот на полицијата.
Областа во радиус од 100 метри околу плоштадот е опколена. Жителите околу местото на експлозијата се евакуирани од своите домови.