Лажните референдуми што ги распиша Русија во Украина се нелегитимни и јасно го кршат меѓународното право. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер.
Овие земји се (дел од) Украина, додаде тој. Столтенберг рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го уверил во непоколебливата поддршка на сојузниците за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Пред гласањето во четирите украински региони заземени од Русија, земјите на НАТО предупредија дека нема да ја признаат нивната илегална анексија, ниту заземањето на Крим. Страните во пактот ги повикаа сите земји да ги отфрлат јасните обиди на Русија за освојување територии.