Свет

Видео покажува како врие морето над „Северен поток“ – 1 и 2“.

Невидено протекување и од гасоводот Северен тек 1 и 2. И Европа и Москва зборуваа за саботажа, а цените на синото гориво повторно пораснаа.

„Клучното прашање е: ако не беше несреќа, кој ја предизвика?“, рече претседателот на германскиот енергетски регулатор Клаус Милер.

Данска им нареди на бродовите да пренасочуваат, а авионите да не летаат над областа. Шведскиот сеизмолошки центар извести за силни подводни експлозии регистрирани синоќа.

„Не можеме да исклучиме ниту една верзија. Јасно е само дека има оштетувања на цевките“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Безбедносни извори зборуваат за цел напад. „Газпром“ одби да коментира.

Според експертите, со оглед на наводните штети, речиси е невозможно Европа оваа година да може да дојде до гас преку некој од трите гасоводи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни