Живот

Денеска е Св. мач. Трофим, Савантиј и Доримедонт

Денеска е Св. мач. Трофим, Савантиј и Доримедонт

Во третиот век, кога во Антиохија беше началник Атик, таму дојдоа двајца христијани, Трофим и Саватиј. Тогаш во Дафна, кај Антиохија се погоди празник во чест на Аполон.

Некои од граѓаните водоа дека Трофим и Савантиј не учествуваат во празникот и му јавија на Атик. Овој ги затвори. Откако го измачи Трофима го испрати во Фригија кај Дионисиј, па почна да го мачи Саватиј, од што Саватиј го испушти духот.

И Динисиј го стави Трофима на големи маки и пак го врати во затворот.

Тогаш дојде кај него некој сенатор Доримедонт, таен христијанин и му служеше. Кога дозна за ова Дионисиј го фрли двајцата на ѕверовите. Меѓутоа ѕверовите не ни допреа до нив. Најпосле, мачителот нареди да им се отсечат главите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни