Под паролите „Не за фашизам“ денеска во Охрид се одржува протест против отворањето на бугарскиот културен клуб Цар Борис Трети.
Насобраните граѓани фрлаа со камења и јајца кон отворениот клуб, а извикуваа и „Татари“.
Полицијата спречи и мал инцидент откако групата се обиде да го пробие полицискиот кордон.
Протестот го организира политичката партија Левица, а е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, која денеска најави дека до Собранието ќе поднесе Закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со што ќе се спречи идното формирање на вакви културни клубови.
Отворањето на клубот предизвика бурни реакции во јавноста.
Кој бил Цар Борис Трети?
Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна.
По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија.
Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Северна Македонија.
Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер.