Премиерот на Унгарија Виктор Орбан спроведе план за поттикнување на младите брачни двојки да имаат деца.
Неговиот план вклучува доживотно даночно олеснување за жените кои ќе родат четири или повеќе деца. Жените помлади од 40 години, при склучување на прв брак можат да добијат заем од околу 32,578 евра. Една третина од заемот ќе биде простен, кога таа ќе роди друго дете, а целиот долг ќе биде отпишан ако роди трето дете.