Свет

ВИДЕО: Вулканот Стромболи еруптираше

Вулканот Стромболи, кој се наоѓа на истоимениот италијански остров, еруптираше во неделата, пренесува Ројтерс. Нема информации за жртви. Делумниот колапс на тераса од кратер и протокот на лава предизвикаа триминутен сеизмички сигнал.

Според италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, првата голема експлозија била забележана на 29 септември, пред „забележително зголемување на вулканската активност да кулминира со обилно излевање на лава“ од северниот кратер, кој се разгранува во повеќекратни текови на лава кои се протегаат сè до брегот.

Италијанскиот оддел за цивилна заштита го зголеми предупредувањето од жолта во портокалова и објави дека „продолжува ситуацијата на зголемен вулкански дисбаланс“. Вулканот Стромболи е еден од најактивните на планетата и речиси непрекинато еруптира во последните 90 години.

Во 2019 година, турист загина во силна ерупција што го покри островот со пепел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни