Свет

Русија: Мета на Цукерберг се терористи и екстремисти

Руската агенција за финансиски мониторинг го додаде американскиот технолошки гигант Мета  на својата листа на „терористи и екстремисти“. Ова го објави агенцијата Интерфакс, цитирана од Ројтерс.

Во јуни, московскиот суд ја отфрли жалбата на Мета, откако тој беше прогласен за виновен за „екстремистичка активност“ во Русија во март. Во судот, тогашниот адвокат на Мета рече дека технолошкиот гигант не се занимава со екстремистичка активност и дека е против русофобијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни