Бомбата употребена на мостот на Крим била испратена од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија, тврди руската Федерална служба за безбедност, пренесе ТАСС, повикувајќи се на руската Федерална служба за безбедност.
Како организатор на експлозијата, именуван е шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов.
Петмина државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија се приведени поради учество во експлозијата, која Москва ја дефинира како терористички чин, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на Интерфакс.
Прес-службата на бугарската влада соопшти дека несомнено е утврдено дека камионот што експлодира на мостот на Крим никогаш не бил на територијата на Република Бугарија, која била посочена како почетна точка за неговата рута.
Според увидот на бугарските служби, стока со слични карактеристики била внесена на територијата на Бугарија од друга земја членка на ЕУ во контејнер со уредно формирани документи под транзитен режим.
За време на престојот на предметната стока во Бугарија, таа била под царински надзор и ја напуштила државата во истиот контејнер преку пристаништето Бургас на 17.09.2022 година во правец на друга земја освен Русија.
Од увидот станува апсолутно јасно дека контејнерот со кој робата тргнала од Бугарија не бил на експлодираниот камион, како што се наведува во официјалното соопштение на владината прес-служба.