Обвинителите од Меѓународниот мобилен тим за правда ги истражуваат руските ракетни напади врз Киев и градови низ Украина во кои досега загинаа најмалку 26 лица како можни воени злосторства, изјави официјален претставник за новинската агенција Ројтерс.
Владимир Путин рече дека смртоносните проектили во понеделникот насочени кон градовите во Украина биле како одмазда за нејзината „терористичка акција“ против руска територија. Во телевизиските изјави, рускиот претседател рече дека Москва во понеделникот извршила ракетни напади со долг дострел врз енергетската, воената и комуникациската инфраструктура на Украина.
Цели беа градовите меѓу кои главниот град Киев, Лавов, Тернопил, Днипро, Житомир и Запорожје, со вкупно 14 загинати и десетици повредени.