Киев утринава објави дека од руските сили вратил пет населени места во јужната област Керсон. За време на нивната контраофанзива во регионот, украинските сили ги потиснаа руските трупи од териториите припоени од Москва, објави Франс прес.
„Вооружените сили на Украина ослободија уште пет населени места во областа Берислав во областа Керсон: Нововасиловка, Новогригоровка, Новаја Камјанка, Трифоновка, Червонаја“, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.
Украинските сили со недели водат контраофанзива во областа, која е под контрола на силите на Москва од првите недели од војната.
Откако наиде на жесток руски отпор, украинската армија постигна значителни придобивки во регионот Керсон на почетокот на октомври, особено по бреговите на реката Днепар, јужно од индустрискиот град Кривји Рих.
Киев постојано ги напаѓа мостовите во областа за да го наруши снабдувањето на руските сили.
Херсонската област е една од четирите украински региони анектирани од Москва, одлука што ја осудија Киев и неговите западни сојузници.