Свет

Европската Комисија одлучи од кога ќе се укине зимско и летно сметање на времето

Укинувањето на зимското и летното сметање на времето ќе стапи на сила од 2020 година, иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март.

Директивата би требало да се применува од 1 април 2020 , така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020“, се наведува оттаму.

Во последната анкета дури 84% од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час понапред или поназад на часовниците  два пати годишно.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни