Свет

Снежни бури во САД – отежнат сообраќај, откажани летови, затворени училишта

Снежните бури кои ги погодија централните и источниот дел на САД, затворија многу улици, отежнат е сообраќајот, затворени се и неколку училишта, откажани се повеќе од 2200 летови, а 4700 се одложени.

Канцеларијата на градската управа во Филаделфија е затворена, а се воведени и дополнителни мерки на заштита за бездомниците.

Американската сојзузна држава Њу Џерси прогласи вонредна состојба, бидејќи се очекуваат околу 10 цм снег, а потоа и дожд.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни