Балкан

Масовен протест на опозицијата во Албанија

Во Албанија се подготвува масовен протест на опозицијата, при што се очекува обид за насилно влегување во изградбата на законодавниот дом.

Од овие причини претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи ја одложи пленарната седница закажана за денеска.

Околу 1200 полицајци ќе бидат распоредени околу зградата на парламентот и владата во центарот на Тирана за да се спречи насилството за време на протестот, објавија албанските медиуми, а полицијата ги повика приврзаниците на опозицијата да се воздржат од насилство

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни