Околу 140.000 луѓе учествуваа на протестот во неделата во Париз против зголемените трошоци за живот, соопштија организаторите на настанот.
Демонстрациите се одржаа на повик на левицата и синдикатите.
Главните барања беа повисоки плати и социјални бенефиции, замрзнување на цените на струјата, воведување данок на вишокот профит и инвестирање во еколошки проекти, објави БНР.
Демонстрантите се изјаснија и против плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање.
Агресивни млади со црни маски се обиделе да организираат нереди, но полицијата успеала да ја контролира ситуацијата.
La France Insoumise (LFI), Француската социјалистичка партија (PS), Europe-Ecologie Les Verts (EELV) и неколку синдикати, вклучително и Генералната конфедерација на трудот (CGT), се меѓу организаторите на демонстрациите против високите трошоци за живот. . Тие повикаа и на штрајк и нови демонстрации на 18 октомври за да побараат повисоки плати во Франција.