Масовна венчавка се одржа во Санкт Петербург. Поради мобилизацијата во земјава одеднаш се венчаа 43 парови.
Законот во Русија налага двојката да може да се венча не порано од еден месец по поднесувањето на документите, пишува „Дејли мејл“.
Сепак, според локалната телевизија, мобилизацијата сега се смета за валидна причина за забрзување на процесот за склучување на граѓански брак.
На групната церемонија учествуваа 43 парови, кои се венчаа во групи од 10.