Свет

Еврото останува речиси непроменето во однос на доларот

Еврото останува речиси непроменето во однос на доларот

Курсот на еврото во однос на доларот денеска го задржа нивото од минатата недела, кога се обиде со раст, но не успеа да го оствари, објавија германските финансиски публикации.

Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута се тргуваше по 0,9750 долари.

Европската централна банка во петокот попладне ја одреди референтната стапка за еврото на 0,9717 долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни