Косовскиот прмиер Рамуш Харадинај изјави дека нема да се дозволи укинувањето на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, тоа ќе биде услов за поддржување на дијалогот.
Харадинај во интервју за РТВ21 рече дека доколку е таксата поважна од дијалогот со Србија, таа нема да се укине никогаш.
„Доколку таската е поважна од дијалогот, никогаш нема да ја укинеме, никогаш! Ако таксата претставувала проблем, никогаш нема да ја укинеме. Ако преку таксата и покажуваме на Србија каде ѝ е местото, зошто да ја укинуваме. Тие не сакаат да не признаат, тие не сакаат соседски односи, сакаат ние да им ја купуваме стоката, а тие да ни поставуваат услови за да одиме на преговарачка маса“, изјави Харадинај.