Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Ковачевски: Мило ми е што Мицкоски и Апасиев можат слободно да одат во Бугарија и да се радуваат на отворање на културен клуб

Ковачевски: Мило ми е што Мицкоски и Апасиев можат слободно да одат во Бугарија и да се радуваат на отворање на културен клуб

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по прашање околу отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, посочи дека тој е премиер кој ветил дека Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија со чист македонски јазик, заштитен идентитет и историски прашања надвор од преговарачката рамка.

Тој посочи дека денеска имал седница на Влада и не можел да присуствува на отворањето на клубот во Бугарија.

„Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господата Мицкоски и Апасиев можат слободно да одат во Бугарија и да се радуваат на отворање на културен клуб. Сметам дека тоа е една од придобивките на Договорот што го направивме со Бугарија и со почеотокот на преговорите со ЕУ. Среќен што дури и опозицијата го признава тоа. Единствено што барам е да покажуваме добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети со било која друга држава“, порача Ковачевски.

На прашањето дали следната недела може да го посети клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Ковачевски информира дека следната недела ќе биде во Берлин каде ќе присуствува на конференција за берлинската иницијатива и каде ќе се потпишат договори со останатите земји од Западен Балкан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни