Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Се уште не е исцрпен отчетот на министрите – интегративците повторно ќе се сретнат на 19 ноември

Се уште не е исцрпен отчетот на министрите – интегративците повторно ќе се сретнат на 19 ноември

Состанокот на Раководството на Интегративците синоќа траеше околу 10 часа и беше оставено расправата да продолжи на 19 ноември.

Тоа значи дека министрите од ДУИ се уште не го довршиле својот отчет пред партијата за сработеното.

Шефот на партијата Али Ахмети по средбата рече дека извештајот ќе го уредуваат тројца високи функционери, а за разрешување на кој било министер рече дека тоа не е точка на дневен ред.

„Извештајот ќе се уредува. За уредување на извештајот се назначени тројца високи функционери на ДУИ, генералниот секретар, потпретседателот Меџити и првиот вицепремиер Артан Груби.  Сигурно дека министрите си ја завршиле работата, не значи дека нема простор за давање мислења и предлози и нормално дека сите работи ќе продолжат во рамките на реалноста“, вели Али Ахмети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни