Директорката на Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, денеска демантираше дека ученици од ова училиште биле во Бугарија во Фондација „Бугарска меморија“, како што беше објавено на нивnата веб страница и каде битолските ученици беа претставени истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола.
Сервини рече дека во Софија биле само таа и заменик директорот Љупчо Здравковски за да воспоставеле соработка преку Еразмус + програма со училишта во Софија.