Македонија

Донесена одлука за ограничување на цените на огревното дрво и пелети – еве колку треба да изнесуваат!

Донесена одлука за ограничување на цените на огревното дрво и пелети – еве колку треба да изнесуваат!

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3).

Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со којашто беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни