Македонија

Пенов вели дека како нов министер логично е што првата средба ја имал со Арсовска

Пенов вели дека како нов министер логично е што првата средба ја имал со Арсовска

Природно е како нов министер за локална самоуправа да ја започнам првата активност со најголемата заедница на локалната самоуправа, а тоа е Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, воедно и претседателка на ЗЕЛС, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, појаснувајќи ја причината за неговата вчерашна средба со градоначалничката Арсовска.

Во „Само интервју” на Канал 5, Пенов истакна дека сакал да ги слушне проблемите со кои се соочува Градот и да се види што може да се промени и да се подобри. Состанокот го опиша како позитивен и се согласи дека „пожарите” што се случуваат во Град Скопје имаат политичка позадина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни