Македонија

Ковачки до власта: Следите, прислушкувате и сакате да заплашите, ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине

Ковачки до власта: Следите, прислушкувате и сакате да заплашите, ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ денеска на својот Фејсбук профил упати пораака до власта.

„Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине.

Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси.

Цел ден оперативците на АНБ (Агенција за Национална Безбедност) Р.Ва., Р.Вр., и Г.К. го поминаа денот во Прилеп.

Денеска во Прилеп беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ова на сликата е возилото на оперативците на АНБ во кое има соодветна опрема и е паркирано во близина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Во која НАТО држава Агенцијата за Национална Безбедност наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата?

Ковачевски и Спасовски, за секое следење, прислушкување и тероризирање ќе одговарате!

Ќе се потсетите на ветувањето кога за тоа дојде време“, вели Ковачки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни