Македонија

При обид да избега со возилото удрил во шумска полиција, а потоа и нападнал претставник – 24 годишно момче уапсено

При обид да избега со возилото удрил во шумска полиција, а потоа и нападнал претставник – 24 годишно момче уапсено

На 03.11.2022 година во ОВР Кичево лишен од слобода е Б.В.(24) од Кичево.

Тој, претходно, во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба, при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со возило – џип.

Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција а потоа нападнал претставник на Шумската полиција. Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни