НЕКОЛКУ ДЕНА откако САД соопштија дека имаат информации дека Северна Кореја тајно ја снабдува Русија со артилериско оружје, вашингтонски тинк-тенк кој има пристап до сателитски снимки и ги следи настаните во Северна Кореја објави дека воз преминал од Северна Кореја во Русија.
Додаваат дека тоа се случило за прв пат во последните неколку години, но и дека руската ветеринарна служба пријавила дека возот што ја преминал корејско-руската граница превезувал – коњи.
„Невозможно е да се утврди што имало во возот“
„Невозможно е да се одреди целта на возот што го видовме на снимката, но тоа доаѓа во време на извештаите за продажба на оружје на Северна Кореја на Русија и обновената трговија меѓу двете земји“, рече тинк-тенкот зад 38 Север.
Во нивниот извештај се наведува дека во 10 часот и 24 минути по локално време воз составен од локомотива и три затворени вагони бил видлив на корејската страна на границата, а во 13 часот и 10 минути на руската страна. Во 14:29 часот на станицата Хасан, на околу два километри од границата, била видлива локомотива со три вагони, додека во исто време три помали покриени вагони или можни контејнери на вагони биле на соседната железничка пруга.
„Не можеше да се утврди дали е во тек трансфер на материјал или нешто друго, а локациите на овие возови можеби не биле поврзани“, се вели во извештајот.
Коњи или оружје?
Според соопштението на Руската државна ветеринарна служба во средата, Русија и Северна Кореја повторно го отворија железничкиот мост што беше затворен од 2020 година поради корона вирусот. Возот што го видоа од 38 Север беше првиот откако мостот беше отворен за сообраќај.
Ветеринарната служба тврди дека возот дошол со 30 чистокрвни коњи бидејќи Ким Џонг-ун е страствен јавач, пишува Ројтерс.
Северна Кореја во септември соопшти дека никогаш не и доставила на Русија оружје или муниција и дека не планира да го стори тоа.
Белата куќа соопшти дека Вашингтон има информации кои покажуваат дека Северна Кореја тајно ја снабдува Русија со значителен број артилериски гранати и се обидува да ги прикрие пратките со нивно рутирање низ земјите на Блискиот Исток и Северна Африка.