Живот

Денеска Св. маченици Маркијан и Мартириј

По смртта на цар Константин, на римскиот престол дојде Констанциј, неговиот син.

Тој се имаше приклонето кон ариевата ерес. Во тоа време аријанците успеаа да го сменат правоверниот цариградски патријарх Павле и на негово место да доведат епископ-аријанец.

Овие Маркијан и Мартириј служеа во време на Павле во соборната црква. Аријанците прво се обидоа да ги потплатат и да ги привлечат кон себе, а кога овие одбија, ги осудија на смрт.

Свети Маркијан и Мартириј пострадаа маченички за Христа во 355 година. Подоцна, свети Јован Златоуст изгради црква врз нивните мошти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни