Македонија

Тачи пред лидерската средба: Се надевам со добар дијалог ќе постигнеме договор – „Не е време за уцени“

Тачи пред лидерската средба: Се надевам со добар дијалог ќе постигнеме договор – „Не е време за уцени“

Мендух Тачи од ДПА денеска, пред лидерската средба во Собранието, по новинарско прашање околу уставните измени порача дека тоа треба да се преведе подобро за деблокирање на процесот за интеграција на Македонија.

„Се надевам со добар дијалог ќе постигнеме договор, инаку друг пат и начин немаме да го деблокираме засекогаш интеграцискиот процес“, додаде Тачи.

На прашањето дали ДПА ќе постави услов и тема на средбата, Тачи истакна дека нивен е предлогот за бришење од Уставот на формулацијата „20 проценти“ и за тоа веќе разговарал и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Добро е конечно во Македонија да се зборува и за идентитетот на Албанците, односно за тргање на формулацијата „20 проценти“ и нејзина замена со албански јазик, но во овој случај ДПА не смета дека со ова барање треба да се условоува. Сега е важно да постигнеме консензус за одблокирање на евроинтегративниот пат на земјава. Јас за ова веќе разговарав со Ахмети а ако се постигне консензус за Уставот после тоа ќе разговарам и со нашиот коалициски партнер Ковачевски и со опозицискиот лидер за ова прашање“, порача Тачи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни