Македонија

Донесена нова уредба за субвенционирани летови

Донесена нова уредба за субвенционирани летови

Владата денеска донесе нова Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници во наредните две години и потребната документација којашто треба да се достави од корисниците на тој вид поддршка.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е донесена Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија на домашни и странски превозници, за периодот од 2023-2025 година.

-Согласно овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише јавен повик за доделување финансиска поддршка за авиокомпании коишто ќе воведат нови авиодестинации за граѓаните.Овозможувањето патувања до дополнителни одредишта во Европа и во светот ќе значи и отворени можности за економски развој, унапредување на туризмот и запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис секторот од нашата држава и од други држави, велат од Владата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни