Македонија

Судењето никако да почне – трет пат се одложува рочиштето за модуларната болница во Тетово

Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница никако да почне. По трет пат се одложува рочиштето.

Судијата Јордан Велковски го одложи и денешното рочиште, за 7 декември откако еден од обвинетите повторно немаше адвокат бранител.

Причина за одлагањето беше и тоа што другите адвокати побараа освен увид да имаат и препис од доказните материјали. По десетмесечната истрага, почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.

На 14 октомври беше одложено за денеска, но и денеска немаше рочиште. 

Обвинети се директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни