Македонија

Новиот шеф на ОЈО ГОКК фатен во лага – вели дека нема контакти со функционери на ДУИ, а се фотографирал со Бејта и Бектеши

Новиот шеф на ОЈО ГОКК фатен во лага – вели дека нема контакти со функционери на ДУИ, а се фотографирал со Бејта и Бектеши

Новиот Шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, денеска во изјава за медиумите посочи дека иако се соселани немал лични контакти со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој додаде дека нема ни контакти со други функционери на ДУИ, но очигледно е „фатен“ во лага.

Сепак, на фотографиите, објавени од некои портали на албански јазик, може да се забележи дека Абази е фотографиран со Невзат Бејта, поранешен градоначалник на Гостивар и висок функциионер на ДУИ, а на друга е во друштво на Дилавер Бектеши, обвинител од Кичево, истакнат член на ДУИ.

Се работи за виш јавен обвинител во случајот „Титаник 3“ во кој им се судеше на единствените функционери од ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, случај кој со години се влечеше и беше вратен на повторно судење.

Бејта во изјава за „Фокус“ вели дека го познава новиот раководител на ОJО ГОКК, но објаснува дека фотографијата е направена пред околу десетина година, најверојатно на Кораб.

Тогаш, како што вели Бејта, никој не знаел дека Абази ќе го води Обвинителството и дека ништо не значи ако Бејта или обвинителот се фотографира со некого.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни