Велешанец пробал да краде од трафостаница на ЕВН – исекол кабел и предизвикал експлозија
На 08.11.2022 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44) од Велес.
Тој се сомничи дека на 05.11.20222 околу 22.40 часот на ул. „8-ми Септември“ во Велес со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН, но не успеал.
Притоа настанала експлозија откако се обидел да исече кабли.
Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни