Македонија

Петровска го повика пратеникот Ковачки на ТВ соочување: Подготвена сум!

Петровска го повика пратеникот Ковачки на ТВ соочување: Подготвена сум!

Како министерка за одбрана се залагам за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерирам никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Минстерството, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук-профил.

– Со цел да ги разјасниме сите обвинувања кои вчера беа изнесени на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност го повикувам пратеникот Драган Ковачки, поранешен припадник на Армијата на ТВ соочување, објави Петровска.

Подготвена сум, напиша таа на Фејсбук, да одговорам на секое поставено прашање, но имам и неколку прашања кои во интерес на јавноста ќе ги поставам.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни