Македонија

Ковачки кон Петровска: Не дезертирам од дуел како трајно неспособниот премиер

Ковачки кон Петровска: Не дезертирам од дуел како трајно неспособниот премиер

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја прифати поканата на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Благодарам за поканата за ТВ дуел од страна на министерот за одбрана, г-ѓата Славјанка Петровска. Секако дека поканата за ТВ соочување ќе ја прифатам и нема да дезертирам како нејзиниот трајно неспособен Премиер кој прв и’ го лајкнал статусот. Оставам на центрите за комуникација на двете партии во договор со националните медиуми да договорат термин за нашиот ТВ дуел“, напиша Ковачки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни