Македонија

Променливо облачно – кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно – кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни