Македонија

Од денес задолжително зимска опрема во возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од денес, 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во возилата.

Мерката е согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, велат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, апелираат од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни