Огранокот на Алтернатива од Чаир бара оставка од министерот за здравство Беким Сали.
Меритон Цивули од Алтернатива денеска на прес конференција ги посочи загриженоста и незадоволството за нереализираните партиски цели од страна на министерот Беким Сали.
„Истиот министер е предложен од нашиот огранок, редно беше и реакцијата да дојде од нашите редови, но секако загрижени се сите структури на републичко ниво. Со голема огорченост ве известуваме дека сите точки кои не дефинираат како Алтернатива, се погазени токму од министерот Беким Сали, а пак тоа не натера да реагираме до претседателот на партијата, Африм Гаши“, вели Цивули.
Од огранокот велат дека претседателот Африм Гаши со месеци е информиран за поплаките и дека досега ништо не презел.
„Апелираме до претседателот на партијата, според овластувањата што ги има и обврските со кои статусот на партијата го обврзува, во рок од 10 дена да покрене иницијатива за разрешување на министерот“, рече Цивули, додавајќи дека на нивното барање се потпишале 11 лица.