Македонија

Директорот повикан на отчет во Собранието – ќе реферира врз кои основи АНБ има дадено позитивно мислење за државјанство на Онишченко

Директорот повикан на отчет во Собранието – ќе реферира врз кои основи АНБ има дадено позитивно мислење за државјанство на Онишченко
Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски е повикан на отчет на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата. Димовски во среда ќе треба да реферира врз кои основи Агенцијата има дадено позитивно мислење за рускиот контроверзен олигарх Олександар Онишченко да добие државјанство. „Во среда во 12 часот свикавме итна седница по повод последните настани со цел да го слушнеме најповиканиот во овој случај а тоа е директорот на АНБ господинот Виктор Димовски да ги каже своите аргументи за тоа на кој начин е правена безбедносната проверка на лицето Олександар Онишченко. И да видиме зошто лице кое што е барано со меѓународна потерница, лице кое што има две-три дополнителни државјанства се здобило со македонски пасош и македонско државјанство“, вели Љупчо Пренџов.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни